Дортмунд: Евакуација на 13.000 лица поради бомба од Втората светска војна

Властите сметаат дека бомбите врз Дортмунд ги фрлиле сојузничките сили во текот на Втората светска војна, пренесе „Дејли мејл”.

Околу 13.000 лица денеска ќе бидат евакуирани од своите домови во Дортмунд, откако беа пронајдени неексплодирани бомби од Втората светска војна во овој германски град, соопштија локалните власти.

Властите сметаат дека бомбите врз Дортмунд ги фрлиле сојузничките сили во текот на Втората светска војна, пренесе „Дејли мејл”.

На граѓаните кои живеат на 500 метри од секоја од локациите за кои се сомненаат дека има бомба им е кажано да ги напуштат домовите уште рано утринава, бидејќи работите на ископувањата ќе почнеле  во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот