Дориан Бабунски фудбалер на сезоната во Дебрецен

Фото: DVSC (Debreceni Vasutas Sport Club)

Репрезентативецот на Македонија, Дориан Бабунски го доби признанието фудбалер на сезоната во Дебрецен откако сезонава постигна 13 гола и подели четири асистенции на 30 натпревари.

Дебрецен сезоната ја заврши на третото место во домашното првенство и така обезбеди настап во европските купови наредната сезона. Еден од најзаслужните за добрата сезона беше токму Бабунски.

Со тие 13 гола Бабунски заврши на третата позиција помеѓу стрелците пред него се само Дражиќ од Мезоковешд со гол повеќе и Варга од Пакс кој беше убедлив прв со 26 гола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот