Дончиќ ги остави легендите зад себе, има старт во Лејкерс како никој друг
Словенечкиот ас Лука Дончиќ продолжува да руши рекорди и да ја пишува историјата на Лос Анџелес Лејкерс, каде што се покажа како најголемо засилување во историјата на клубот, барем кога станува збор за бројките.
Препорачано
Иако Дончиќ сè уште се опоравува од повреда на прстот и се очекува да се врати на паркетот средината на следната недела, статистиката веќе го сместува меѓу најголемите во историјата на славниот клуб. Доволни му беа само 30 одиграни натпревари за да ги надмине сите големи имиња кои некогаш го носеле дресот на „езерџиите“.
Luka Dončić has broken the record for most points (881) in first 30 games as a Laker. That’s tied for the fifth-most points in @NBA history by a player in his first 30 games with a new team. pic.twitter.com/kOeQS5QNJV
— Crazy Stats (@NBAcrazystats) October 26, 2025
Американските статистичари пресметаа дека Дончиќ, по своите први 30 натпревари, е најефикасното засилување во историјата на Лејкерс, со вкупно 881 постигнат поен.
Зад него останаа легендите:
Карим Абдул-Џабар – 865 поени
Џорџ Мајкан – 845 поени
Леброн Џејмс – 831 поен
Ентони Дејвис – 824 поени
Освен тоа, Дончиќ го бележи и петтиот најдобар старт во историјата на НБА кога станува збор за учинок во првите 30 натпревари по трансфер во нов клуб.
Иако многумина предвидуваа дека ќе му падне формата по преселбата во Лејкерс, словенечкиот виртуоз го докажа спротивното. Со фантастични настапи повторно ги воодушевува навивачите, а својата форма ја потврди и претходно летово на Евробаскетот, каде што ја предводеше Словенија до четвртфиналето.
Преземено од: Спорт.ком.мк


