Дончиќ го предводи „тимот на Светот“ против Американците! (ФОТО)

фото: твитер

Има тројца играчи од Европа, Словенецот Лука Дончиќ, потоа украинскиот шутер Сви Михаљук од Детроит Пистонс и германскиот центар Мориц Вагнер од Вашингтон.

Лука Дончиќ и Треј Јанг, двајцата најдобри дебитанти минатата сезона во НБА лигата, на „Ол-стар“ викендот во Чикаго ќе бидат дел од селекцијата на Светот против САД во ревијалниот натпревар на најголемите млади ѕвезди.

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои се подем во натпреварот кој ќе се одигра на 14 февруари.

Има тројца играчи од Европа, Словенецот Лука Дончиќ (Далас Маверикс), украинскиот шутер Сви Михаљук од Детроит Пистонс и германскиот центар Мориц Вагнер од Вашингтон.

Тимот на Светот ќе го претставуваат уште Јапонецот Руи Хачимура, нигерискиот бек Џош Окогие од Минесота и бахамскиот центар Деандре Ајтон од Феникс.

Остатокот од екипата го пополнуваат Канаѓаните РЏ Барет (Њујорк), Никел Александер-Вокер (Њу Орлеанс), Брендон Кларк (Мемфис) и Шеј Гилџес-Александер (Оклахома сити).

На спротивната страна Американците покрај Јанг ќе бидат предводени од новата НБА сензација Зајон Вилијамсон од Њу Орлеанс и фаворитот за дебитант на годината, Џо Морант од Мемфис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот