Дончиќ ги шокира сите: Има повеќе гласови од Леброн за Ол стар натпреварот

twitter/Dallas Mavericks

Гласањето за Ол стар натпреварот кој ќе се одигра на 16 февруари, се прави преку официјалната интернет страна на НБА лигата.

Лигата денеска ги објави резултатите од досегашниот дел од гласањето и ги шокира сите фанови на кошарката. Имено, засега највеќе гласови има кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, кој игра во фантастична форма сезонава.

Словенецот засега има 1.073.957 гласови, неколку стотина гласа повеќе од Јанис Адетокумпо (1.073.358).

На третото место се наоѓа кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс на кого фановите му дадоа 1.020.851 гласа, додека неговиот клупски колега Ентони Дејвис доби 955.246 гласа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот