Донарума, Мбапе и Дембеле во идеалниот тим на ФИФПРО
Меѓународната федерација на професионални фудбалери, FIFPRO, ги објави победниците на годинешниот избор за „World 11“, еден од најпрестижните признанија за најдобрите фудбалери во светот.
Препорачано
Голман на идеалниот тим е Италијанецот Џанлуиџи Донарума, кој игра за Манчестер Сити (претходно ПСЖ) и имаше одлични интервенции во Лигата на шампионите.
Во одбраната доминираат играчи од европските гиганти: Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Ашраф Хакими и Нуно Мендеш (двајцата од ПСЖ). Ова трио се покажа како цврсто и ефикасно, комбинирајќи физичка сила, брзина и техничка прецизност.
Во средината се наоѓаат талентирани и креативни играчи: Џуд Белингам (Реал Мадрид), Кол Палмер (Челси), Педри (Барселона) и Витиња (ПСЖ), кои беа клучни за креативните акции на своите тимови.
Нападот го сочинуваат „пеколната“ тројка: Усман Дембеле (ПСЖ), Килијан Мбапе (Реал Мадрид) и младата сензација Ламин Јамал (Барселона), чиј технички талент и брзина беа незаменливи во создавањето гол-шанси и постигнувањето погодоци.
Најмногу играчи во идеалниот тим се од францускиот ПСЖ, кој минатата сезона за првпат во својата историја го освои најпрестижниот европски клупски трофеј.
Преземено од: Sport.com.mk


