Доналд Трамп помладиот и Бетина Андерсон / Фото: Profimedia

Доналд Трамп Помладиот се сврши со Бетина Андерсон, ова е трета свршувачка за синот на американскиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп соопштил дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Помладиот, се свршил со Бетина Андерсон, дама од високите кругови во Палм Бич, објави „Њујорк тајмс“.

Според весникот, Трамп ја објавил веста за време на празнична забава во Белата куќа. Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека засега не успеала да стапи во контакт со претставник на Доналд Трамп Помладиот за коментар.

Да потсетиме, ова е трета свршувачка за Доналд Трамп Јуниор. Тој претходно беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која помина 12 години и со која има пет деца. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година. Подоцна, Трамп Јуниор беше свршен и со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска личност.

Според медиумските извештаи, Трамп Помладиот и Андерсон се во врска околу една година. Минатиот месец тие заедно патувале во индискиот град Удајпур, каде што присуствувале на свадбена свеченост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот