Донација од 255 прочистувачи на воздух – ќе бидат распределени во болници, градинки, училишта
Владата денеска потпиша Договор со компанијата ЕКОТИП Македонија за донација на 255 уреди за прочистување на воздух во вредност од еден милион евра.
Препорачано
Овие уреди ќе бидат распределени во болници, градинки, училишта и други јавни установи.
Марија Митева, портпаролката на Владата, се надева дека овој пример ќе послужи како инспирација за други компании да се вклучат да придонесат во заедничката борба за почист воздух и се разбира поздраво општество
– Загадувањето на воздухот останува еден од најсериозните еколошки и здравствени предизвици во Македонија. Во контекст на напорите на Владата во преземањето значајни мерки за намалувањето на загадувањето на воздухот преку капитални проекти, како Влада активно работиме на долгорочни стратегии и решенија за намалување на загадувањето, преку инвестиции во одржливи енергетски решенија, зголемена контрола на емисиите и поддршка на зелени технологии. Сепак, додека спроведувањето на овие мерки бара време, ваквите брзи и ефикасни донации од приватниот сектор се од суштинско значење за заштита пред се на здравјето на граѓаните – изјави Митева на прес-конференција.


