Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

„Долго време вашата земја е кандидат за членство во ЕУ, време е да се направи чекор напред“ – Кошта со порака до македонските граѓани

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта денеска преку видео порака го честита Денот на Европа на македонските граѓани, наведувајќи дека иднината на земјава е во Европската Унија.

„Почитувани граѓани на Северна Македонија, денеска ви се обраќам како на идни членови на Европската Унија. На Денот на Европа го славиме нашиот заеднички европски потфат – моментот кога земјите основачки избраа единство наместо поделба и соработка наместо конфликт. Одлучија да изградат иднина заснована на мир, слобода и просперитет врз пепелта од Втората светска војна, наведува Кошта во пораката.

Тој изразува уверување дека иднината на земјава е во ЕУ.

„Веруваме дека вашата иднина е во Европската Унија. Се вложува огромен труд за таа визија да стане реалност. Вашата земја е кандидат за членство во Европската Унија веќе многу години. Време е да се направи чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина. Да живее Европа, наведува Кошта во видео обраќањето до македонските граѓани по повод Денот на Европа.

Денеска пред Владата се одржа свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, на која беа присутни делегации од институции, политички партии, амбасади, кои положија цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“.

ВИДЕО | Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, но нема пазар со идентитетот

Филипче: На Денот на Европа, Мицкоски треба да биде персона нон грата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот