Документарниот филм „20 дена во Мариупол“ има пет проекции во „Бруталиск“

Плакат за настанот во „Бруталиск“

Културниот центар „Бруталиск“ ја одбележува втората годишнина од руската инвазија врз Украина со серија бесплатни кинопроекции на овогодинешниот двократен кандидат за Оскар, филмот „20 дена во Мариупол“.

Документарниот филм ќе биде прикажуван во пет наврати во периодот од 20 до 26 февруари, а на 22 февруари по проекцијата ќе се одржи разговор за филмот и состојбите на фронтот со новинарот и воен аналитичар Сеад Ризвановиќ.

Украинскиот двоен кандидат за овогодишните Оскари за најдобар документарец и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, „20 дена во Мариупол“, е филм за украински воени репортери од „Асошиатед прес“ затекнати во опсадата на најнастраданиот и, речиси, уништен град на истокот на Украина, како и нивно сведоштво за страдањата на цивилите и херојските подвизи на бранителите на градот.

Како последни меѓународни набљудувачи во Мариупол, тие ќе ги снимат ужасните снимки за неговото уништување, кои подоцна ќе го обиколат светот и ќе сведочат за злосторствата на руската армија.

Филмот е на Мстислав Чернов, носител на Пулицерова награда од 2023 и претседател на украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на „Асошиатед прес“ и „Фронтлајн“.

Распоред на проекциите во „Бруталиск“

Чернов веќе десет години работи за „Асошиатед прес“ покривајќи конфликти, општествени прашања и еколошки кризи во Европа, Азија и на Блискиот Исток. „20 дена во Мариупол“, покрај двојната номинација за Оскар, е наградуван на десетици фестивали за документарни филмови, а на минатогодишниот „Санденс“ ја доби наградата од публиката за најдобар документарен филм.

По првата на 21 февруари, проекциите на филмот ќе се одржат на 22 и 23 февруари во 19 часот, и на 25 и 26 февруари во 20 часот во „Бруталиск“. Настаните се одржуваат во соработка со Здружението на Украинци „Лесја Украинка“ од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот