Дојче Бан нарача 30 супербрзи возови од Сименс вредни милијарда евра

Постои опција и да се зголеми нарачката на ДБ за уште 60 возови.

Германската државна железничка компанија Дојче Бан порача 30 супер брзи возови од технолошкиот гигант „Сименс” во вредност од милијарда евра, соопштија денеска компаниите.

Со нарачката, капацитетот на ДБ ќе се зголеми за околу 13.000 седишта, се вели во заедничкото соопштение.

Постои опција и да се зголеми нарачката на ДБ за уште 60 возови.

Новите возови ќе бидат воведени на железничките линии што ја поврзуваат Северна Рајна-Вестфалија со Минхен.

– Вкупната флота на ДБ ќе се зголеми за 20 проценти во наредните години. Иако побарувачката е нагло намалена поради пандемијата на коронавирус, долгорочно сè зборува во корист на климатски прифатливиот железнички превоз, рече извршниот директор на Дојче Бан, Ричард Луц.

„Сименс” планира да ги произведе нарачаните возови во погоните во Баварија и Северна Рајна-Вестфалија, како и во Австрија.

Супербрзите возови може да достигнат брзина до 320 километри на час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот