Тетовската гимназија „Кирил Пејчиноиќ“ Фото: Фејсбук

Дојава за бомба ја прекина наставата и ги испразни речиси сите училишта во Тетово

Речиси сите основни и средни училишта во Тетово денеска ја прекинаа наставата, а учениците и наставниците ги напуштија објектите и заминаа дома. Како што објави Тетово инфо, училиштата се проверени од полициски службеници, а учениците и наставниците се евакуирани.

„Опфатени се следните училишта: СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, СОУ „8 Септември“. Додека кај основните училишта: ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“, како и ООУ „Прпарими“, информираше Валидин Адеми, раководител на одделението за образование при Сектор за јавни дејности.

Од почетокот на второто полугодие во Тетово имаше повеќе вакви дојави за бомби пратени до електронските пошти на училиштата, но денес таква информација била испратена до тетовската полиција.

„Дојавите за бомбa се доставени до Секторот за внатрешни работи, односно не се доставени на е-маил адресите на училиштата, како што се случуваше во минатото. Училиштата имаат доставено писмен допис до СВР со цел да бидат информирани во врска со состојбата и чекорите што треба да се преземат понатаму. Во аспект на безбедноста, надлежните институции ги преземаат сите потребни мерки за гарантирање на безбедноста на учениците и вработените, додека состојбата се следи континуирано во координација со органите на редот“, информира Адеми.

Тој воедно информираше дека наставниот процес ќе продолжи само по официјална потврда дека безбедносните услови се целосно исполнети.

Пред три дена дојава за бомба ја прекина наставата во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – евакуирани се учениците и вработените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот