Договорот од Преспа позитивно оценет од лидерите-учесници на Самитот за Западен Балкан

Во документот Финални заклучоци на Самитот за Западен Балкан во Познањ, е запишано дека лидерите учесници на самитот го поздравија претстојното прво заедничко претседателство на Република Бугарија и Република Северна Македонија за 2020 година.

Копретседавањето со Берлинскиот процес, како платформа за европски дијалог, соработка и поддршка на проширувањето, е важен симбол за поголема сопственост на процесот на земјите од регионот.

Учесниците на Самитот во Познањ уште еднаш ги поздравија и ја истакнаа важноста на имплементација на Договорите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија.

Во финалните заклучоци, лидерите на Западен Балкан ја истакнуваат важноста на регионалната соработка, и ја потврдија својата силна посветеност кон Регионалната економска област, како и на спроведувањето на реформите чија цел беше да го обезбедат просперитетот во регионот и да ги зајакнат економските врски меѓу Западен Балкан со економиите на ЕУ.

Особено внимание во идниот период треба да се посвети на имплементацијата на одобрената Декларацијата за признавање на квалификациите од високото образование од земјите во регионот.

Во заклучоците од Самитот, лидерите на Западен Балкан ја потврдуваат важноста за заеднички регионални инвестиции. Министерската заедничка изјава за политиката за развивање регионално прифатливи стандарди за преговарање за меѓународни договори за инвестиции, усвоена на Самитот, е во согласност со рамката и стандардите на инвестициската политика на ЕУ.

Лидерите на Западен Балкан се обврзаа да ги интензивираат напорите за диверзификација на финансиските пазари со цел да се прошири пристапот до финансиите во Западен Балкан.

Во однос на дигиталната економија и развојот на општеството, лидерите на Западен Балкан повторно ја нагласија нивната посветеност кон Дигиталната агенда за Западен Балкан и во Регионалната економска област.

На Самитот во Познањ е поздравен и успешниот почеток на имплементацијата на Дополнителниот протокол 5 за олеснување на трговијата и за поддршка на побрза,

На предлог на Република Северна Македонија на Самитот во Познањ е усвоена Декларација на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во процесот на проширување на ЕУ, со што лидерите од регионот ја истакнаа потребата од заедничка заложба за засилување на интеграцијата на ромската популација, како една од најранливите групи во општествата во регионот.

Поврзувањето останува приоритет и во заклучоците за оваа година како двигател за раст и за креирање нови работни места. Овој процес помага да се привлечат инвестиции и ја подобрува конкурентноста на регионот преку создавање врски и можности за бизнисите и граѓаните. Поврзувањето ги приближува луѓето и економиите во регионот со економиите и граѓаните на ЕУ, и учествува во подобрувањето на добрососедските односи.

Шефовите на влади на земјите од Западен Балкан на завршницата на Самитот во Познањ ги потпишаа Меморандумот за рамковната соработка за воспоставување на Институт за Југоисточна Европа за одржливи технологии и Меморандумот за признавање на академски квалификации на земјите од Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот