ФОТО | „Додека смртта не нѐ раздели“: Борко и Нина Ристовски прославија четири години брак

Фото: Принтскрин/Instagram

„Министерот за одбрана“ викендов прослави четири години брак со сопругата Нина. Голманот Борко Ристовски на својот инстаграм – профил често споделува фотографии од семејниот албум со својата сакана. Неговата сопруга Нина по повод годишнината сподели фотографија од нивната венчавката проследена со убава порака.

„Четири години брак како четириесет. Борко те сакам“, напиша таа. „Додека смртта не нѐ раздели“, напиша во коментар голманот под романтичната објава на сопругата.

Нина и Борко склучија граѓански брак на 29 јануари 2018 година. Свадбена веселба правеа на 5 јануари следната година. Синот Душан, е плод на љубовта на Нина и Борко. Парот често споделува фотографии од прекрасните семејните моменти на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот