Добри вести за навивачите: Милијардер од Манчестер сака да го купи Јунајтед

Сер Џим Ретклиф/фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Британскиот милијардер Џим Ретклиф е заинтересиран за купување на Манчестер јунајтед, потврди неговиот портпарол за весникот „Тајмс“.

Ретклиф интересот за купување на Манчестер јунајтед го потврди откако во англиските медиуми се појави информација дека актуелните сопственици на „црвените ѓаволи“ потврдија се подготвени да го продадат тимот за неверојатни шест милијарди.

Јунајтед со вклучи во трката за потписот со Обамејанг

 

Актуелните сопственици на Јунајтед, американското семејство Глејзер, се најде под голем притисок на јавноста и на навивачите поради очајниот старт на сезоната, „црвените ѓаволи“ по две кола се наоѓаат на последното место на табелата со два порази, од Брајтон (1:2) и од Брентфорд (0:4).

Дури и „Блумберг“ објави дека браќата Глејзер, Џоел, Аврам и Брајан, се подготвени да продадат малцински дел од акциите, со што би се отвориле вратите за влез на Ретклиф во сопственичката структура.

– Доколку клубот е на продажба, Џим секако е потенцијален купувач. Ако е возможно такво нешто, ние сме заинтересирани за разговор – изјави портпаролот на Ретклиф.

Џим Ретклиф е сопственик на хемиската компанија ИНЕОС, роден е во Манчестер и е долгогодишен навивач на „црвените ѓаволи“. Ретклиф веќе е инволвиран во фудбалот, тој е сопственик на францускиот тим Ница.

– Не се работи за тоа дали некој потрошил пари или не. Џим го интересиран тоа што може да се направи, да се реагира веднаш бидејќи знае колку клубот е важен за градот и верува дека ова е вистинскиот период за ресетирање на Јунајтед – додава портпаролот на милијардерот.

Ретклиф летово сакаше да го купи и Челси откако владата на Обединетото Кралство го принуди Роман Абрамович да го продаде клубот кој на крајот заврши во рацете на американскиот милијадер Тод Боли и конзорциумот „Клеарлејк капитал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот