Бундестаг/ Фото: МИА

Добри вести за германските потстанари

Бундестагот усвои различни мерки за помош за станарите и семејствата, вклучително и реформа на станбениот надоместок, зголемување на детскиот додаток и даночна реформа, објавија германските медиуми, пренесува Пословни хр.

Со гласовите на коалицијата СПД, Зелените и ФДП, Бундестагот, исто така, одлучи дека од 2023 година станоиздавачите мора да учествуваат во трошоците за данокот на јаглерод диоксид за станбените згради. Реформата на станбените додатоци има за цел да растовари многу домаќинства со ниски примања. Реформата се очекува да го зголеми повеќе од тројно бројот на домаќинства кои имаат право на станбен надоместок на два милиони.

Дополнително, висината на станбениот додаток треба да се зголеми од просечни околу 180 евра месечно на околу 370 евра месечно. Сепак, градовите и општините најавија дека ќе им требаат неколку месеци за да го реализираат и обработат очекуваното море од барања. Дополнителните трошоци за промена на станбените додатоци се проценуваат на околу 3,6 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот