Фото: Гевгелијанет / Фејсбук / Марјан Иванов

Иде пролет – се врати првиот штрк во гевгелиското село Богородица

Предвесникот на пролетта, долговратиот бел штрк, вчера изутрина се вратил во своето гнездо во гевгелиското село Богородица, јавуваат локалните медиуми.

Штркот, како што кажуваат мештаните, најпрвин слетал на камбанаријата од селската црква, а потоа се сместил во гнездото, едно од многуте на бандерите во селото, кое е на самата граница со Грција.

Првиот штрк во Богородица годинава подранил за девет дена во споредба со лани, кога првата од дошол на 28 февруари. Годинава првиот штрк порани цели 9 дена за разлика од лани, кога првата од овие птици пристигнала на 28 февруари.

ВИДЕО: Големо јато фламинга во грациозен лет над Охридското Езеро, на пат кон топлиот југ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот