До март сите домаќинства ќе имаат евтина струја?

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Најдоцна до март сите домаќинства ќе можат да ги користат поволностите на дневна евтина тарифа на струја, доколку се реализираат плановите на Електродистрибуција, која дотогаш треба да намести 820 илјади броила, јавува „Дојче веле“.

Дел се со далечинска комуникација, но далеку поголема е бројката на оние што ќе треба да се наместат рачно. Од ЕВН за ДВ уверуваат дека околу 80 проценти од обичните броила ќе бидат сетирани уште во првиот месец кога ќе стапи на сила новиот тарифен систем, а тоа е 1 декември.

Електродистрибуција поседува 170.000 броила со далечинска комуникација и 650.000 обични броила што треба да се посетат на лице место. Станува збор за броила што ги има низ целата земја.

– Според претходно утврдениот план, околу 80 проценти од обичните броила ќе бидат сетирани уште во првиот месец, а останатите што се недостапни, ќе се сетираат во наредните 2-3 месеци – велат од Електродистрибуција за ДВ.

Од 1 декември стапува на сила новиот тарифен систем, а тогаш ќе започне и „сетирањето“ на броилата. Од ЕВН велат дека тоа не може да се направи пред 1 декември бидејќи во таков случај, тие домаќинства ќе добијат евтина тарифа уште пред нејзиниот официјален старт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот