До именување на Ентони Блинкен: Бајден го назначи Даниел Смит за в.д. државен секретар на САД

Фото: EPA-EFE/Graeme Jennings / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден го назначи директорот на Институтот за надворешни работи Даниел Смит за вршител на должноста државен секретар, изјави портпаролот на Белата куќа.

Смит ќе биде на должност додека Сенатот не го одобри кандидатот на Бајден за шеф на американската дипломатија, Ентони Блинкен.

Новиот претседател на САД назначи привремени шефови на 23 федерални агенции, вклучувајќи ги и министерствата за одбрана и за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот