Државна изборна комисија / Фото: скриншот

До 9 часот гласале 2,88 отсто од граѓаните во земјава — најмногу гласачи во Пробиштип, најмалку во Чаир и во Сарај

До 9 часот гласале 22.379 граѓани, што претставува излезност од 2,88 отсто на ниво на цела држава, што е помала од првиот круг во кој беше 3 отсто.

Сите избирачки места се навреме отворени и гласањето се одвива без потешкотии, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.

– Единствено во избирачкото место 0385 во Општина Дојран имаше краток прекин поради технички проблем со смарт-картичката на уредот, но проблемот е надминат и гласањето продолжи непречено. Никакви други неправилности, приговори или потешкотии не се регистрирани – изјави Кондарко.

Тој најави дека членовите на ДИК ќе излезат на терен за да извршат ненајавени контроли на избрани гласачки места, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и надзор на изборниот процес. И по завршувањето на гласањето по 19 часот, ДИК ќе биде присутна на некои од избирачките места за да го следи и процесот на броење на гласовите.

Излезност по општини до 9 часот:

Според официјалните податоци објавени во живо од ДИК, највисока излезност досега има во Пробиштип (9,5%), Лозово (8,36%), Ранковце (8,12%), Конче (7,37%) и Демир Капија (7,16%).

Следуваат Дојран (6,78%), Крушево (6,71%), Росоман (6,28%), Чешиново-Облешево (5,87%) и Зрновци (5,67%).

Нискa излезност е забележана во Карпош (3,08%), Центар (2,84%), Аеродром (2,72%), Гази Баба (2,68%), Тетово (2,51%), Бутел (2,5%), Гази Баба (2,68%), Студеничани (2,26%), Куманово (2,13%), Боговиње (1,83%), Шуто Оризари (1,6%), Дебар (1,45%), Чаир (1,09%), додека во Сарај е најниска – само 0,72%. За Струга во овој момент нема објавени податоци.

ВО ЖИВО | Локални избори во Македонија — втор круг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот