Локални избори 2025 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

До 11 часот излезноста помала отколку на „пандемиските“ избори во 2021 година

Според најновите податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на денешните Локални избори во 2025 година, до 11 часот и 15 минути, гласале 154.275 граѓани од 1.645.583 запишани на 3.139 избирачки места, што претставува одѕив од 9,38 проценти.

За споредба, на Локалните избори во 2021 година, одржани во време на пандемија, до истиот период, до 11 часот, гласале 135.906 граѓани на 2.544 избирачки места, што изнесувало повисоки 10,22 проценти од одѕивот, според тогашните податоци на ДИК.

Иако изборите во 2021 година се одржаа под специфични услови поради пандемијата на ковид, тогашната излезност до 11 часот беше повисока од денешната.

За потсетување, Локалните избори во 2021 година завршија со вкупна излезност од 48,99 проценти во првиот круг, една од најниските во поновата историја на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот