Дневен хороскоп за 4 август: Некој се обидува да ве убеди во своите добри намери

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 4 август, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Ве очекуваат мали проблеми во комуникацијата со колегите кои ќе ви го променат ритамот на работа. Некој се обидува да ве убеди во своите добри намери. Во љубовта обидете се да разберете нечија „емоционална слабост“ или недостаток на храброст да одговори на вашите потреби. Бидете трпеливи.

Бик

Одржувајте позитивно расположение во тимот, важно е да го следите деловниот тренд кој ви овозможува повеќе да се афирмирате меѓу колегите. Ако сакате сè да функционира беспрекорно на љубовно поле, мора да покажете добра волја и одредени манири при средбата со саканата личност. Денес ќе зрачите со позитивна енергија.

Близнаци

Полека ви станува јасно дека многу работи изгледаат поинаку во споредба со она што јавно се кажува или презентира во друштво на вашите соработници. Сè почесто почнува да ви недостасува нечие присуство или емотивно внимание. Нема причина да ги потиснувате вашите чувства и потреби. Избегнувајте деструктивно расположение.

Рак

Некој веќе подолго време се обидува да ви го наметне своето решение или одредени услови. Нема причина да се вклучувате во дебата. Гледајте си ја вашата работа и завршувајте ги обврските најдобро што можете. Забележувате дека вашата сакана нема емоционална храброст или не е доволно искрена во своите намери. Пред да го вперите прстот, размислете каде грешите и вие.

Лав

Чувствувате мала резигнација, бидејќи деловните настани не се движат во посакуваната насока. Сепак, не дозволувајте несигурноста да ве надвладее. Неочекувана средба со блиска личност ќе ве направи исклучително среќни. Некој во вас буди позитивни асоцијации и нови емотивни желби.

Девица

Избегнувате непотребни вложувања или обврски кои психофизички ве исцрпуваат. Знаете дека некој од вашите соработници може да го заврши и вашиот дел од работата. Изгледате премногу возбудено и тврдоглаво инсистирате на своите замисли. Нема потреба да ги преценувате вашите лични можности.

Вага

Важно е да ја задржите присебноста и во моменти кога грешите на работа. Секоја грешка може да се исправи. Размислете на кого треба да се обратите за поддршка. Светот околу вас ви изгледа многу подобро или поубаво кога сте во позитивна средина и во друштво на блиска личност.

Скорпија

Постојат ситуации кои не можете да ги решите сами и без нечија помош. Одбивате нечиј предлог или понуда за деловна и финансиска соработка. Некој ви го одвлекува вниманието, но се уште не можете да донесете конечна одлука. Чувствувате емоционална несигурност. Оставете барем за момент да ве води срцето.

Стрелец

Докажувањето на правдата не е вашата примарна цел во овој момент. Не можете да влијаете на нечие однесување на работа. Партнерот не обрнува внимание на вашите коментари, имате впечаток дека ве држи настрана во врска со некои „тајни планови“. Прекумерната грижа лошо влијае на вашата концентрација.

Јарец

Непотребно се вклучувате во разни ситуации кои го надминуваат вашето знаење или практично искуство. Не можете да ги решите вашите емотивни проблеми премолчувајќи. Обрнете внимание на незадоволството на партнерот. Резервирајте ги вечерните часови за вас, опуштете се и акумулирајте позитивна енергија.

Водолија

Доколку некој ве предупреди да ги промените вашите барања во деловната и финансиската соработка, прифатете одреден компромис. Премногу чувствително реагирате на разни ситници, партнерот не забележува работи кои за вас имаат поинакво значење. Разговарајте – тоа е клучот за решавање на сите проблеми.

Риби

Обрнете внимание на новите информации, бидете во чекор или пред другите кога решавате важни деловни дилеми. Ако сакате сè да функционира беспрекорно во вашата љубовна врска, мора и вие да се вложите. Премногу очекувате од вашиот партнер. Наскоро ќе почувствувате нова емоционална инспирација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот