Дизни подарок за децата и родителите: Научете како оригинално да ги нацртате омилените јунаци! (ВИДЕО)

Забава за целото семејство во текот на изолацијата…

Уметниците ги откриваат сите тајни како настануваат омилените јунаци на хартија.

Додека некои музеи, галерии и останати културни установи нудат виртуелна посета, Дизни одлучи своите обожаватели во карантин да ги развесели со бесплатни часови за цртање на омилените ликови.

Сите часови ги водат уметниците на Дизни кои ги цртаат ликовите, а во понудата се Мики Mаус, Олаф, Елса, Вини Пу, Мини Маус…

„Часот“ трае од 10 до 20 минути, а се што ви е потребно е моливче или боичка и хартија.

Вие нацртајте ги, а на децата дадете им да ги обојат, тоа е совршена забава за целото семејство во карантин.

Погледнете како да ги нацртате омилените ликови на вашите деца:

Мики Маус

Елса

Вини Пу

Олаф

Мини Маус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот