Фото: EPA-EFE/Ernesto Guzmán

Колумбија: Герилците на ФАРК три недели држеле во заробеништво 11-годишно дете

Момче од Колумбија на возраст од 11 колумбиско момче е повторно со своето семејство откако било киднапирано и 18 дена заробено од членови на дисидентска бунтовничка група ФАРК, пренесува Би-Би-Си.

Имено, пет вооружени мажи облечени во балаклави упаднале во домот на момчето во рурална област во покраината Вале дел Каука на 3 мај и го киднапирале него и една домашна помошничка.

Кратко по грабнувањето, помошничката била ослободена, а момчето било држено во колиба речиси три недели, сè додека не се договориле за неговата слобода во преговорите со канцеларијата на омбудсманот на Колумбија, Црвениот крст и Католичката црква.

Бунтовничките групи во Колумбија се познати по насилното регрутирање деца, но киднапирањето на момчето од неговиот дом под закана со оружје сепак ги шокираше локалните жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот