Директорот на Модерна смета дека постоечките вакцини ќе бидат помалку ефикасни против Омикрон

Директорот на Модерна Инц, Стефан Бансел/ Фото EPA

Извршниот директор на Модерна Стефан Бансел смета дека постоечките вакцини ќе бидат многу помалку ефикасни против сојот Омикрон и предупреди дека може да поминат месеци пред фармацевтските компании да можат да произведат повеќе вакцини што ќе делуваат против новата варијанта на коронавирусот.

Бансел рече дека големиот број мутации на Омикрон и брзото ширење на таа варијанта во Јужна Африка укажуваат на тоа дека постоечките вакцини можеби ќе треба да се модифицираат следната година.

„Мислам дека нема шанси ефикасноста да биде на исто ниво како што ја имавме со Делта варијантата. Мислам дека ќе има пад. Не знаеме само колку затоа што треба да ги чекаме податоците. Но, сите научници со кои разговарав велат нешто како … ‘ова нема да биде добро’”, рече Бансел во интервју за Фајненшл тајмс.

Коментарите на шефот на Модерна доаѓаат во време кога експертите за јавно здравје и политичарите се обидуваат да имаат пооптимистички тон за ефикасноста на постоечките вакцини против Омикрон.

Бансел наведува дека научниците се загрижени што 32 од 50-те мутации во варијантата Омикрон се пронајдени на „спајк протеинот” на кој се фокусираат постоечките вакцини за зајакнување на имунолошкиот систем против Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот