Директор на основно училиште во општина Теарце си ја вработил ќерката, ДКСК бара да одговара

ДКСК/ Фото: mia.mk

Државната комисија за спречување корупција на денешната седница информираше дека директор на основно училиште во Општина Теарце ја вработил неговата ќерка како библиотекар во истото училиште.

Од ДКСК наведоа дека ќе поднесат иницијатива до градоначалникот на Општина Теарце за разрешување на директорот, а за него поведување на прекршочна постапка за неииземање при потпишување на договорот и за непријавување на вработување на блиско лице до Комисијата.

Комисијата ја прибавила целата потребна документација, при што утрдила дека навистина станува збор за ќерката на директорот на основното училиште и оти постои основа за прекршочна постапка, како и за иницијатива за негово разрешување.

– Ние се обративме до посоченото основно училиште во Општината, каде што ја побаравме документацијата и како е спроведена постапката во врска со вработувањето на библиотекарот. Ги доставија сите потребни документи. За тоа работно место било пријавено само едно лице и Училишниот одбор предложил тоа лице да биде вработено затоа што немало никаква конкуренција, односно согласно јавниот оглас и биле исполнети условите. Но, бидејќи во пријавата се наведува дека се работи за ќерка на директорот, се обративме до директорот и за конкретното лице побаравме изјава дали е во сродство или не. Тој ни достави нотарска изјава каде што изјавува дека лицето е блиско лице, односно негова ќерка. Претходно не ни беше доставен договорот за работа, па го побаравме и утврдивме дека тој го потпишал, наведоа од ДКСК.

ДКСК предлага иницијатива до градоначалникот на Општина Теарце да се разреши директорот од функцијата, како и да се бара одоговорност и да се поведе прекршочна постапка против директорот бидејќи не се иззел од постапката за вработување на неговата ќерка, односно при потпишување на договорот не се иззел и за непријавување за вработување на блиско лице до ДКСК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот