Енвидија/ EPA/JOHN G. MABANGLO

Директор на „Енвидија“ им порачува на младите да ја напуштат ИТ и да се свртат кон занаетите

На „Генерацијата З“ (оние родени помеѓу 1997 и 2012 година) постојано им се вели дека имаат мали шанси за вработување бидејќи вештачката интелигенција би можела да замени многу работници, првенствено оние што извршуваат едноставни задачи. Сепак, Јенсен Хуанг, извршен директор на „Енвидија“, најголемиот производител на чипови во светот, верува дека има илјадници работни места за млади луѓе, но тие мора да бидат подготвени да посетуваат стручни училишта.

– Ако сте електричар, водоводџија, столар, ќе ни требаат стотици илјади од нив за да ги изградиме сите фабрики. Занаетчиските бизниси ќе цветаат во секоја економија. Бројот на квалификувани работници ќе мора да се дуплира секоја година – изјави тој минатиот месец за британската телевизиска станица Channel 4 News- пренесе Каматица.

Колку ќе има побарувачка за квалификувани работници покажува примерот со изградбата на центри за податоци, кои се објекти што се сè повеќе потребни. Така, за изградба на таков центар со 250 илјади квадратни метри, ќе бидат потребни 1.500 градежни работници. Зборуваме за работници чија годишна плата во Соединетите Држави е повеќе од 100 илјади долари, без бонуси за прекувремена работа. Секој градежен работник генерира дополнителни 3,5 работни места во САД.

Значи, од позицијата на Хуанг, може да се заклучи дека следниот бран на вработување е на страната на мануелната работа, а не во софтверот. Кога Хуанг беше прашан претходно оваа година што би студирал ако сега имаше 20 години, тој рече дека тоа би било нешто во физичките науки, а не во вештачката интелигенција. Тој не е единствениот меѓу бизнисмените и претприемачите кои размислуваат вака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот