Дипломатска трка со времето: Може ли Пакистан да биде клучниот посредник за мир меѓу САД и Иран во следните 48 часа?
Пакистан понуди да биде домаќин на разговори меѓу САД и Иран, со цел да се стави крај на војната што ги потресе глобалните енергетски пазари. Зошто е вклучен Исламабад и дали тоа би можело да функционира во дипломатијата меѓу Техеран од една страна и Тел Авив и Вашингтон од друга страна се главните дилеми за кои денес светските медиуми анализираат.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Имено премиерот Шехбаз Шариф во вторникот изјави дека Исламабад е „подготвен и почестен да биде домаќин“ на директни или индиректни преговори доколку двете страни се согласат.
Предлогот доаѓа во време кога се појавуваат извештаи дека Пакистан пренесува пораки меѓу двете страни и дека потенцијално би можел да биде домаќин на разговори доколку тие напредуваат во таа фаза, наведува „Иран Инсајд“
Според пишувањата на медиумите запознаени со состојбите, пробив во организацијата на преговорите меѓу Иран и САД би можел да се случи во следните 48 часа, соопштија извори во пакистанското Министерство за надворешни работи.
Breakthrough Expected in US-Iran Talks Within 48 Hours as Pakistan Mediates, Sources Say🚨
Pakistani Foreign Ministry sources have indicated that a potential breakthrough could occur within the next 48 hours in efforts to arrange talks between the United States and Iran aimed at… pic.twitter.com/SUOIm3fTId
— Pakistan Archive (@PakistanArchve) March 25, 2026
Според извештаите што се повикуваат на пакистански дипломатски канали, Техеран бара цврсти безбедносни гаранции против понатамошни воени дејствија од страна на САД или Израел, додека инсистира неговата ракетна програма да остане надвор од преговарачката маса и бара надомест за штетите настанати за време на конфликтот.
Овие позиции доаѓаат во услови на интензивирана дипломатија зад сцената, при што Пакистан игра клучна посредничка улога.
Медијаторите, вклучувајќи ги Пакистан, Турција и Египет, работат на олеснување на директните или индиректните разговори, кои потенцијално би можеле да се одржат во Исламабад.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави петдневна пауза во планираните напади врз иранската енергетска инфраструктура за да се овозможи простор за преговори.
Сепак, двете страни сè уште се соочуваат со значителни разлики, вклучувајќи ги и барањата на САД во врска со нуклеарните и ракетните активности на Иран.
Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Тахир Андраби, повтори дека Исламабад „секогаш е подготвен“ да биде домаќин на разговори доколку двете страни се согласат, истовремено повикувајќи на претпазливост од шпекулации.


