Димовски повика на единство во интерес на Македонија

Заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ им го честиташе Велигден на граѓаните.

– Сакам на сите да им посакам добро здравје, мир, спокој во срцата и многу добар и голем просперитет и на државата и на граѓаните. Сакам да потсетам дека суштината на овој празник се љубовта и надежта, а тоа е она што нам во овие времиња ни е потребно, особено единството како сега што во храмот на светата литургија имавме можност да го видиме, така ни треба внатре, меѓу самите граѓани и самиот народ, меѓу сите политички фактори – единство, затоа што Македонија и граѓаните во Македонија се исправени пред големи предизвици на кои мора да им се даде соодветен одговор, а тој одговор почнува од внатрешното единство, порача Димовски.

Тој ја потенцира потребата од сплотеност на политичките сили за подобра иднина на нацијата и државата.

– Во таа насока, сакам да ја истакнам оваа порака, дека дефинитивно потребно е сите да седнеме, трезвено да размислуваме во интерес на државата и на нејзината иднина, за да можеме да ги пребродиме сите предизвици со кои се соочува денес нашата држава, подвлече Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот