Димитров-Петричек: Првата меѓувладина конференеција меѓу Северна Македонија и ЕУ треба да се случи што е можно побрзо

 Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска оствари видео средба со министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петричек, на која од име на Владата се заблагодари за принципиелните позиции на Чешка и целокупната поддршка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

-Чешка практично го штити интегритетот на пристапниот процес во ЕУ. Без оглед на одлуките на Советот, Северна Македонија продолжува по патот на приближување кон ЕУ и во претстојниот период од големо значење би била зајакната билатерална соработка во однос на експертиза и техничка помош главно во областа на економско управување, социјална политика, земјоделие и искористување на европските фондови, вклучително и преку инструментите ТАИЕХ и Твининг за јакнење на институционалните капацитети,

Министерот Петричек ја потврдил посветеноста на Чешка на евроинтегративниот процес, потврдувајќи го нивниот став дека првата меѓувладина конференеција меѓу Северна Македонија и ЕУ треба да се случи што е можно побрзо.

На средбата се разговарало и за билатералната соработка и можностите за нејзино унапредување.

-Донациите и поддршката од Чешка се од големо значење за Северна Македонија, особено во овој период кога се справуваме со последиците од пандемијата, а покрај тоа добредојдена е и партнерската поддршка во нашите заложби да ја донесеме ЕУ дома, истакнал Димитров. Чешкиот министер пак порачал дека неговата земја е подготвена да понуди своето искуство и експертиза за прашања од доменот на регионалната соработка и добрососедски односи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот