Дилема во Хрватска: Треба ли да се укине дневната објава на заразeни, оздравени и починати од ковид-19?

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Дел од научниците заговараат да се запре со дневната пракса на објавување на новозаболени лица со ковид-19. Таква дилема се јави и во Хрватска на која се противат директорот на Заводот за јавно здравје, Крунослав Цапак и министерот за здравство, Вили Берош.

Тамошниот национален штаб подолго од 200 дена објавува бројки на инфицирани, починати и оздравени лица од коронаворусот. Болеста досега однесе над еден милион човечки животи во светот додека економските последици што ги предизвика, ќе се собираат со години. Од друга страна, пак, секојдневното објавување на бројки на заболени, оздравени и починати влијае врз психата на луѓето.

– Објавување на само голи бројки секој ден навистина влијаат врз домаќинствата, на луѓето, на нивната психа. Мислам дека тоа може да се промени и дека е подобро да имаме одредени погенерални известувања за јавноста, изјави неодамна Иван Ѓикиќ, еден од најдобрите и најуспешни хрватски научници.

Но, Цапак и Берош мислат поинаку.

– Ние, како што гледате, немаме секојдневни прес-конференции, но мислам дека известувањата преку Националниот штаб се добар индикатор за движењето на бројките, рече министерот за здравство.

Слично на него размислува и Цапак.

– Броењето е работа на епидемиолозите. Тоа е показател што е меѓународно договорен. Сите ги следат бројките на новозаразени, констатира Цапак.

Во Хрватска се забележани рекорден број на случаи, дури 542, што е најмногу од почетокот на пандемијата, врз основа на 5.939 тестови. На болничко лекување се наоѓаат 361 пациент од кои 27 се на респиратори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот