Локални избори 2025 / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ во водство во 19 општини и во Град Скопје

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 45,35% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 19 општини. СДСМ води во 4, исто како и Коалицијата Вреди. Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во две општини, а Унијата на Роми има предност во Шуто Оризари.

ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Кочани, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.

Кандидатите на СДСМ имаат водство во Крушево, Македонска Каменица, Ранковце и Центар.

Коалицијата Вреди води во Тетово, Боговиње, Брвеница и Дебар, додека Националната алијанса за интеграција (НАИ) има предност во Струга и Студеничани. Унијата на Роми води во Шуто Оризари.

Гласањето во вториот круг се одвиваше во 32 општини и во Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот