Диди се соочува со нова тужба: На списокот има 100 жртви кои тврдат дека ги силувал

Шон Комбс - Диди / Фото: EPA/PAUL BUCK

Раперот Шон Комбс, попознат како Диди ќе се соочи со нова тужба поднесена од повеќе од 100 наводни жртви. Според адвокатот Тони Базби, групната тужба ќе содржи повеќе шокантни обвинувања за „силување, сексуален напад и сексуална експлоатација“, пишува „Дејли мејл“.

Ќе бидат објавени дополнителни информации за тоа што се случило, каде наводно се случило и кој е инволвиран. Оваа тужба доаѓа откако раперот беше федерално обвинет за кривично дело трговија со луѓе и рекетирање.

„Ова е важна работа што имаме намера да ја следиме агресивно“, рекол Базби, а потоа додал: „Нема да оставиме ништо под камен додека не ги најдеме сите потенцијално одговорни страни, вклучително и секој поединец или субјект кој учествувал или имал корист од ова однесување без преседан. Додека ја вршиме оваа важна работа, бараме јавноста да разбере дека ова е многу тешко и дека потребна е неверојатна количина на храброст за жртвите да се појават. Понатаму, ве замолувам да ме контактирате доколку сте биле жртва или сведок на наводното однесување. Вашиот идентитет ќе остане доверлив во овој момент“.

Отворена е телефонска линија за сексуален напад за оние кои сакаат да пријават.

Инаку, Комбс моментално е задржан во притворниот центар Метрополитен во Њујорк во очекување на судењето, по две одбивања за кауција. Контроверзниот хип-хоп магнат сега се обидува по третпат да добие кауција две недели откако беше уапсен и побара помош од двајца врвни адвокати.

ФОТО | Јелена Карлеуша проговори за Диди откако нивната фотографија стана вирална: „Не бев сама, бевме во друштво на најголемите светски ѕвезди“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот