Џордан ги објави последните пораки кои ги размени со Коби Брајант

epa08457554 (FILE) - Former NBA star and Hall of Famer Michael Jordan cries as he talks at a memorial service for Los Angeles Lakers' Kobe Bryant and his daughter Gianna at Staples Center in Los Angeles, California, USA, 24 February 2020 (re-issued on 01 June 2020). Michael Jordan condemned 'ingrained racism' in the United States in a statement on the death of George Floyd released on 31 May 2020. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Трагично загинатиот кошаркар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант наредниот викенд заедно со класата 2020 година и официјално ќе бидат примени во НБА Куќата на славните. Брајант во Куќата на славните ќе биде воведен од неговиот идол и „голем брат“, Мајкл џордан.

Поранешниот кошаркар на Чикаго булс во разговор за ЕСПН открива дека во својот телефон се уште ги чува последните пораки кои ги замени со Брајант кој на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа го загуби животот заедно со својата ќерка Џиана и уште седум лица.
– Прво мислев дека ќе бидам нервозен, но потоа сфатив дека немам причини за такво нешто поради покажувањето емоции кон некого кого го сакав. Тоа е мојата човечка особина за која луѓето често забораваат дека ја имам – вели Џордан кој се потсетува и на  моменти пред трагедијата која го шокира светот. Коби ја предводеше екипата во која играше неговата 13-годишна ќерка Џиана.

Нивната последна СМС преписка била на 8 декември 2019 година, еден ипол месец пред трагедијата. Брајант му испратил порака на летечкиот Мајкл за да ја прокоментира текилата која Џордан му ја подарил откако неговата компанија ја пуштила во продажба.
„Оваа текила е прекрасна“, напишал Коби за „Cincoro tequilla“.
„Фала ти брату“, одговорил Џордан.
О, да. Дали семејството е добро?“, продолжува да пишува Брајант.
„Сите се добро. Твоите?“
„Се е добро“, одговорил Коби по што Мајкл почнал да го задева бидејќи бил целосно фокусиран на тренирање на тимот во Мамба академијата.
„Среќни празници, се надевам дека ќе се видиме наскоро. Тренеру Коби?“.
„Исто и на тебе. Еј тренеру, моментно седам на клупата и го растураме противникот, 45:8“, е последната порака која ја напиша Коби.

По 11 дена од нивната СПС преписка, Коби Брајант и официјлано беше номиниран за нов член на Куќата на славните, но по 49 дена тој го загуби животот во хеликоптерска несреќа.
– Ја обожувам оваа порака бидејќи го покажува натпреварувачкиот дух на Коби – вели Џордан за ЕСПН.  

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот