Џони Деп го тужеше британскиот таблоид „The Sun“: Ме клеветеа дека сум насилник и ми ја уништија кариерата!

Profimedia
профимедиа

Актерот Џони Деп денес започнува судската парница против британскиот таблоид, која најверојатно ќе открие детали од приватниот живот на холивудската ѕвезда и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Фото: Профимедиа

Џони Деп (57), ѕвездата на филмовите „Pirates of the Caribbean“ го тужеше британскиот таблоид „The Sun“ и неговиот извршен уредник Ден Вотон (37) за клевета поради текстот на Вотон од 2018 година во кој тој го нарече „тепач на сопругата“.

Предметот ќе го води Лондонскиот висок суд и судењето треба да трае 3 недели, а исказ треба да дадат актерот и поранешната сопруга и актерка Амбер Херд (34).

Парот се запознал во 2011 година на снимањето на филмот „The Rum Diary“ и се венчал во 2015 година. Актерката побарала развод после 15 месеци брак и барала од судот забрана за пристап против Деп. Таа го обвинила за физичко малтретирање, што тој го негирал. Тие се развеле во 2017 година и тогаш била укината забраната за пристап, а Деп се согласил да ѝ исплати седум милиони долари.

профимедиа

„The Sun“ се обиделе минатата недела во судот да ја отфрлат тужбата, но не успеале, иако судијата оценил дека Деп не ја доставил потребната документација, помеѓу останатото и неговиот список за телефонски повици.

Иако Амбер го обвинила Деп за физичко малтретирање, не било се така „црно на бело“. Британскиот „Daily Mail“ добил аудиоснимки од 2015 година на кои јасно се слуша како актерката признава дека таа физички го нападнала својот поранешен сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот