Џими Батлер си отвори бизнис во Дизни Ворлд, муштерии му се НБА играчите (ФОТО)
Кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер, одлучи да си покрене „приватен бизнис“ и дополнително да заработи во Дизни Ворлд во Орландо каде се игр5а завршницата во НБА лигата.
Ѕвездата на Мајами која се подготвува за дуелот од првата рунда на плејофот против Индијана, има дополнителна работа од која заработува и тоа од НБА играчите кои се наоѓаат во Дизни Ворлд.
Препорачано
Имено, Батлер отвори кафетерија „Big Face Cofee“ и кафето го наплатува по 20 долари. Тој на ваква идеја дојде откако увиде дека неговиот апарат за кафе го користат многу играчи и одлучи тоа да им го наплаќа, па така за 20 долари НБА играчите сега ќе може да добијат лате, капучино, еспресо, макијато…
Интересно е што цената е идентична и за мало, средно или големо кафе, а ѕвездата на Мајами работи само со кеш.
So apparently Jimmy Butler wasn’t kidding about the up-charge for the use of his French Press at Disney. (From Meyers Leonard’s Twitter): pic.twitter.com/1s1em6flRG
— Ira Winderman (@IraHeatBeat) August 15, 2020


