Џенифер Лопез му оддаде почит на своето семејство примајќи ја наградата за музичка икона на годината

Instagram

Џенифер Лопез уште еднаш покажа дека е единствена. Мултиталентираната ѕвезда му оддаде почит на својот вереник Алекс Родригез и нивните „четири убави деца“, примајќи ја наградата за музичка икона за 2020 година на „Billboard Women in Music“.

51-годишната актерка беше почестена со престижното признание, а во говорот по прифаќање на наградата им се заблагодари на сите што ја направиле она што е денес, вклучително и на нејзината мајка, нејзиното семејство, па дури и на поранешниот сопруг Марк Ентони.

На виртуелниот настан во четвртокот вечерта, Лопез ја претстави нејзиниот колега Малума.

Џенифер, светот му се восхитува на твоето сочувство, отпор и страст за забава. Знаеме дека не е лесно, но ти дефинитивно го правиш да изгледа така. Ти не само што си пејачка, актерка, деловна жена и суперѕвезда, ти си и мој незаменлив пријател“, рече Малума.

Ѕвездата која ги има 12-годишните близнаци Макс и Еме со Марк Ентони исто така се грижи и за децата на нејзиниот свршеник Алекс, Наташа (16) и Ела (12), сподели моменти од нејзиното минато спомнувајќи ја и нејзината мајка Гвадалупе во својот говор.

Instagram
Instagram

Мајка ми ме ставаше на масата во кујната и ми покажуваше како да го „мрдам задникот“, или ќе пеевме песни кои беа на врвот на Билборд топ листите во тоа време… Тоа беа моите први настапи. Тоа е она што ме инспирираше да го сторам она што имав привилегија да го правам за сите вас сиве овие години“, изјави пејачката.

Секако, сакам да му се заблагодарам на моето прекрасно семејство што се покрај мене на ова патување, за поддршката, овозможувајќи ми да бидам уметникот што сум. Алекс и нашите четири прекрасни деца, ви благодарам многу. Ве сакам. Сè што правам е за вас“, рече Џенифер.

Instagram
Џенифер и Марк Ентони / Instagram

Таа исто така му се заблагодари на својот поранешен сопруг Марк Ентони, како и на многу луѓе во музичката индустрија кои ѝ помогнале да ги оствари своите визии.

Лопез го заврши говорот испраќајќи порака до своите обожаватели велејќи им дека тоа го прави за нив и дека без нив не би била тоа што е денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот