Џејсон Момоа слаб и ќелав за рекламата која предизвика лавина негативни реакции! (ВИДЕО)

Џејсон Момоа (40) мускулестиот актер најпознат по главната улога на Аквамен во истоимениот филм.

Познат по својата висина, бујна коса и мускулесто тело полно со тетоважи, ги разочара бројните фанови со главната улога во рекламата за кампањата The Rocket Mortgage, која се прикажа за време на SuperBowl.

Всушност, рекламата пренесува порака дека е најкомотно да се биде во својот дом, а го прикажува Момоа како влегува во својот дом додека го следат папараци.

Кога ќе влезе дома, ги соблака чизмите и станува понизок, сугерирајќи дека чизмите придонесуваат за висината.

Движејќи се низ својот дом, тој одејќи кон каучот ги „вади“ своите мускули, рака по рака, а потоа и стомачните мускули станувајќи многу слаб.

Кога ќе седне на каучот тој ја изговара пораката на фирмата, а воедно ја „трга“ косата станувајќи ќелав и почнува да свири на гитара.

Во последниот кадар тој е прикажан со својата сопруга и актерка Лиса Бонет, која му помага на
бенч-клупата да дигне шипка без тегови.

Гледачите биле видно разочарани и на Твитер споделиле пораки дека рекламата им оставила непријатно чувство.

Рекламите за време на SuperBowl се многу популарни и секоја година се трудат да бидат поинтересно. SuperBowl просечно го гледаат околу 100 милиони луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот