Џеј Ло долго време не прошетала со волку длабоко деколте! Се спушта до папокот, а еден детал ги збуни сите! (ФОТО)

профимедиа

Џеј Ло ја доби наградата за најдобра споредна улога, за филмот „Hustlers“ во кој ја игра стриптизетата Рамона…

Џенифер Лопез (50) може да облече буквално се што ќе замисли и посака, бидејќи тоа и го дозволува совршено обликуваното тело за кое води сметка со редовните тренинзи, но и со исхраната.

Токму поради тоа на неа совршено и прилегаше и овој нежно син фустан во кој се на „LAFCA“ доделувањето на наградите во саботата навечер, на 11 јануари, во Лос Анџелес.

Џеј Ло ја доби наградата за најдобра споредна улога, за филмот „Hustlers“, во кој ја игра стриптизетата Рамона.

Убавата пејачка и актерка блескаше во креацијата со потписот на „Elie Saab”, сандали со потписот на „Jimmy Choo” и накит од „Le Vian”. Тоа што ги збуни фановите, повеќето жени, на социјалните мрежи, е трикот со кој Лопез се послужила кога станува збор за градите, односно како и успеално ништо да не се оцртува на фустанот.

профимедиа

Со оглед на тоа што таа не носела градник, сепак станува збор за некој трик, а најверојатно станува збор за самолепливи ленти кои воедно и ги подигнуваат градите.

Да се потсетиме, Џенифер Лопез можеби ќе мора да и искешира вртоглава сума на Саманта Барбаш (47), според чиј живот е снимен еден од најпопуларните филмови во 2019 година – „Hustlers“.

профимедиа

Судскиот процес за овој случај се уште е во тек на истражување.

Џенифер Лопез за својата улога во филмот „Измамничките од Вол Стрит“ беше номинирана и за Златен Глобус, за најдобра споредба улога во игран филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот