Џафери изрази сочувство за долгогодишниот колега Љубисав Иванов-Ѕинго

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изрази сочувство за смртта на Љубисав Иванов – Ѕинго.

„До мене стигна тажната вест дека нашиот долгогодишен колега Љубисав Иванов – Ѕинго го напуштил овој свет. Би сакал, од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да изразам длабоко сочувство за оваа загуба. Почитуваниот Иванов беше пратеник во речиси сите пратенички состави од осамостојувањето на Републиката, неговиот придонес во градењето на државата, неговата активност како бизнисмен и човек кој дал безрезервна поддршка на спортот во нашата држава, ќе останат запаметени.

Изразувам длабоко сочувство до семејството на нашиот поранешен колега, убеден сум дека нивната тага во овој момент е преголема, меѓутоа, споменот за него вечно ќе го чуваат во срцата.
Уште еднаш, дозволете да искажам длабоко сочувство“, соопшти Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот