Девојки изнајмиле стан на „Airbnb“ и сфатиле дека ги снимаат: Камерите се и под туш

Фото: Twitter

На „Twitter“ се шири објава на корисничка која тврди дека таа и нејзината пријателка изнајмиле стан преку „Airbnb“, а откако стигнале, сфатиле дека цело време ги снимаат. Таа тврди дека во станот имало повеќе од десет камери кои биле поставени дури и под туш кабината.

„БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ КОГА РЕЗЕРВИРАЈТЕ AIRBNB’S! Јас и мојата пријателка неодамна престојувавме во стан во Филаделфија со преку 10 скриени камери низ куќата. Вклучувајќи ги тушевите и спалните соби. Некои беа камуфлирани во системи за прскање, но имаа леќа за камера“.

„Забележавме дека камерите камуфлирани во прскалки се поставени на места каде што има совршен поглед на луѓето. За среќа, тоа беше патување со другарка, па немавме секс, но бев гола и морав да се пресоблечам во таа соба“, напиша таа.

Таа додаде дека контактирала со полиција откако сопствениците на становите не реагирале.

„Сакам да знам што се случува со тие снимки и кој ги користи. Ниту полицијата ниту сопствениците на становите не реагираат“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот