Девојката задолжена за оружје во филмот „’Рѓа“ осудена за убиство од небрежност на снимателката Халина Хачинс

Фото: POOL / Getty images / Profimedia

Девојката задолжена за оружје на филмскиот сет на „’Рѓа“, која го наполнила пиштолот со вистински куршуми со кој актерот Алек Болдвин ја застрела и ја уби снимателката Халина Хачинс во 2021 година, е прогласена за виновна за убиство од небрежност, пишува Би-Би-Си.

Хана Гутиерез-Рид се соочи со обвинението за убиство од небрежност, а ѝ се судеше за носењето на вистински куршум за колт 45 на снимањето на филмот. Таа е прогласена за невина по втората точка од обвинението – манипулација со докази. По оваа пресуда таа може да добие и до три години затвор.

Актерот Алек Болдвин исто така го очекува судење за убиство од небрежност на Хачинс. Снимателката беше убиена откако пиштолот што Болдвин го користел на пробата на филмскиот сет испукал вистински куршум  во Ново Мексико. Обвинителите им тврдеа на поротниците дека Гутиерез-Рид, кој го надгледувала оружјето во филмот, постапила невнимателно кога го наполнила пиштолот и не успеала да се погрижи пиштолот да биде наполнет само со лажни куршуми.

„Овој случај е за постојани, тековни безбедносни неуспеси кои резултираа со смрт на човечко суштество. Гутиерез-Рид била ‘невнимателна’, ‘непромислена’ кога не забележала дека вистинските куршуми се измешани со лажни куршуми во кутијата со муниција на снимањето“, рекла обвинителката Кари Т Морисеј за време на завршните зборови во средата.

Гутиерез-Рид не сведочеше во двонеделното судење, но нејзиниот адвокат Џејсон Боулс во завршните зборови тврдеше дека обвинителите не успеале да докажат дека неговиот клиент е единственото лице одговорно за фаталното пукање. Тој тврдеше дека неговиот клиент не знаел дека во пукањето имало вистински куршуми.

Боулс, исто така, тврдеше дека Болдвин е тој што треба да се гони за кривичното дело, бидејќи го држел пиштолот кога пукнал. Тој беше и продуцент на филмот.

„Таа [Гутиерез-Рид] е лесна мета, најмалку моќната личност на сетот. Лесно жртвено јагне“, рекол нејзиниот адвокат во воведното соопштение на судењето.

Судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност е закажано за 10 јули. Обвиненијата против Болдвин веќе еднаш беа отфрлени.

ФОТО | Алек Болдвин се пофали со новиот имиџ, па веднаш „го подбраа“: 100 отсто заслужи да си во затвор сега!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот