Девојчето по кое трагаше цела Кина пронајдено мртво

Кинеските власти објавија дека синоќа во источното кинеско море пронашле безживотно тело на 9-годишно девојче по кое трагала цела земја, пренеусва Си-Ен-Ен.

Локалната полиција во подрачјето Зеијанг потврдила дека исчезнатото девојче Жанг Зихим се удавило во водите покрај округот Хиангшан.

Се додава дека на нејзиното тело немало видливи знаци на насилство, но се смета дека нејзината смрт не е последица на несреќа.

Деветгодишното девојче последен пат било видена во вечерните часови на 7 јули.

Безбедносните камери тој ден ја забележале неа и две возрасни лица, кои изјнајмиле соба во нејзиниот дом, како во 19.20 часот поминуваат по улица оддалечена околу 150 километри од нејзината куќа.

Три часа подоцна, друга безбедносна камера ги снимила двете споменати полнолетни лица, но девојчето веќе не било со нив.

Мажот и жената, двајцата од јужната провинција Гуандонг, подоцна извршиле самоубиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот