Фото: илустрација / Драган Митрески / Слободен печат

Девојче од Струмица исчезнало во Охрид, а го нашле во Скопје

14-годишно девојче од Струмица, кое вчера било пријавено како исчезнато од домот во кое престојувало во Охрид, е пронајдено во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 22 август, Е.А. (45) од Струмица пријавил дека неговата 14-годишна ќерка Ј.А. исчезнала од домот два дена претходно. Според пријавата, на 21 август добил порака преку социјалната мрежа „Фејсбук“ од женско лице од Скопје, кое му кажало дека девојчето се наоѓа во нејзиниот дом, дека таму дошло доброволно и дека ќе било мажено за братот на тоа лице“, пишува во соопштението.

Таткото изразил сомнеж дека девојчето само отпатувала за Скопје бидејќи немало пари кај себе, и дека всушност било измамено и однесено во главниот град.

„По преземени мерки и активности, девојчето било пронајдено во Скопје, а во полициска станица бил извршен службен разговор со Р.Б. (20) од Скопје, поради сомнение дека е вмешана во случајот. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот