Детокс диета: трае само три дена, а резултатот е неверојатен!

Диета од која губите на килограми, а добивате завиден тен!

Велат дека оваа диета е поригорозна, но таа се заснова на влакнест зеленчук и млечни производи со малку масти. Кратко трае, а суштината е во тоа да јадете исти оброци секој ден.

Ви го даваме списокот на оброци:

Појадок:

Измешајте една чаша јогурт со порција суво овошје и две лажици овесна каша. Порција овошје: 4 суви кајсии, 5 суви сливи или две лажици сушена брусница.

Ужина:

Исечкајте го зеленчукот во стапчиња за јадење: целер, краставица, морков, жолта и црвена пиперка. Послужете го целиот коктел со домати и роквици. Зеленчукот може да се јаде во текот на целиот ден во било која количина.

Ручек:

Ситно исечкајте ги сите состојки: 4 средни тиквички, 3 стебленца од целер, 1 чаша зелен грав, многу свеж магдонос, 1 конзерва домати и 3 чешниња лук. Додадете две лажици морска сол, две лажици сушена мајчина душица, рузмарин, оригано. Додадете 4 чаши вода и варете.

Вечера:

Измешајте сирење со порција свежо или замрзнато овошје и две лажици овесна каша. Порцијата овошје е: 1 чаша малини, 1 чаша боровинки, 1 јаболко, 1 круша, 1 портокал, 2 праски, 2 киви или 2 нектарини.

Пробајте го уште денес, ако сакате физичка промена!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот