Дете готвело и го запалило станот во Центар — со изгореници е пренесено во болница
Пожар избувнал попладнево во стан во скопски Центар во кој 13-годишно дете се здобило со изгореници и било пренесено во болница. Според информациите, детето се затруло од густиот чад.
Препорачано
Настанот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар“, соопштуваат од МВР.
Според неофицијалните информации, пожарот избувнал додека детето готвело и случајно се запалила кујнска крпа или сунѓер. Во обидот да го изгаси огнот, детето ги земало запалените предмети и ги изнело на терасата, но таму имало алишта кои се сушеле, па се развил густ чад кој ги вознемирил станарите во околните згради.
Детето успеало навреме да излезе надвор од објектот и веднаш потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Градската општа болница во Скопје.
Насилници со мотор влечеле 12-годишно дете по улица во Драчево
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


