ДЕТАЛИ За пожарот на бензинската во Скопје

Вчера околу 14 часот во Скопје на улицата „Климент Охридски“, на бензинска пумпа настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ (60) од Скопје.

Г.Ѓ. го сопрела возилото на бензинската пумпа со цел да наточи бензин. Кога го стартувала возилото почнало да излегува чад од под хаубата, па побарала помош од вработените на бензинската, кои веднаш почнале да го гасат пожарот со противпожарни апарати, а набргу дошла и екипа од противпожарна заштита и во 15 часот пожарот е изгаснат.

СПРЕЧЕН ПОЖАР И ЕКСПЛОЗИЈА ВО СКОПЈЕ! Вработен во Макпетрол е херој на денот (ФОТО, ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот