СПРЕЧЕН ПОЖАР И ЕКСПЛОЗИЈА ВО СКОПЈЕ! Вработен во Макпетрол е херој на денот (ФОТО, ВИДЕО)
Денеска во центарот на главниот град Скопје била избегната експлозија откако, На бензинската пумпа Макпетрол во близина на Соборниот храм избувнал пожар, по што се вклучиле алармите и сите од околината побегнале, пишува Лидер.
Сепак за среќа, херојот на денот е еден од вработените на бензинската пумпа на Макпетрол, кој додека сите побегнале самиот извлекол апарат и го изгаснал огнот, со што спречил експлозија.
– Додека сите избегаа еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол” самиот извлече против пожарни апарати и го гаснеше огнот кој избувна на бензинската. За малку, самиот спречи катастрофа. Кога дојдоа пожарникарите, нивниот командир го побара храбриот пумпач и му честита – сведочи за Лидер граѓанин кој бил на лице место.
Видеото погледнете го тука.