Проблем за Реал Мадрид: Тибо Куртоа повреден, го пропушта репрезентативниот собир
Голманот на Реал Мадрид и белгиската репрезентација, Тибо Куртоа, заработи повреда, поради што нема да настапи на претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство.
Препорачано
Во моментов не е позната сериозноста на повредата, ниту колку долго ѕвездениот голман ќе биде надвор од терените, но јасно е дека селекторот на Белгија нема да може да смета на него за дуелите против Казахстан и Лихтенштајн.
Куртоа со години важи за еден од најдобрите голмани во светот, а во последниот период е меѓу најважните играчи на „кралевите“, особено во моментите кога тимот се наоѓа во мини криза – по поразот од Ливерпул во Лигата на шампионите и ремито 0:0 против Рајо Ваљекано.
Оваа сезона Куртоа не пропушти ниту минута ниту во дресот на Реал Мадрид, ниту на белгиската репрезентација, што ја прави повредата уште поголем удар за тренерот Чаби Алонсо.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
15мин
-
9час
-
9час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


