Десетмина со грип хоспитализирани на Инфективна, една жена во потешка состојба е на Пулмологија – ќе ѝ треба респиратор

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Десетина пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективната клиника. Тројца имаат ковид. На Клиниката за пулмологија во Скопје, исто така се хоспитализирани пациенти со грип.

-Една пациентка е навистина во тешка состојба, има пореметување на дишењето но и на свеста и преговараме со Инфективната клиника да ја земат, бидејќи ќе ѝ треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, изјави доктор Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија. 

Тој апелираше дека не е доцна да се прими вакцина против грип, но за да го сторат тоа мора да се здрави, во добра здравствена состојба.

Според министерот за здравство Фатмир Меџити, нема место за паника и се следат упатствата на Комисијата за заразни болести.

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот